Новиот селектор на германската репрезентација Нагелсман, со победа дебитира на клупата на поранешниот светски шампион.Неговите избраници со сигурни 1-3 (1-1) ја совладаа селекцијата на Соединетите Американски Држави на гостински терен.

 

Дуелот во Хартфорд започна со гол на најдобриот американски фудбалер и водство на домаќините од 1-0. Во 27. минута, новиот ас на Милан, Кристијан Пулишиќ го совлада германскиот голман Тер Штеген и донесе голема радост на трибините. Но, Германија брзо се врати во игра и со голот на капитенот Илкај Гундоган се избори за изедначување на полувреме (1-1).

Во вториот дел, Германците презедоа целосна контрола, и постигнаа и два брзи гола. За 1-2 погоди Фулкруг, додека во 61. минута конечните 1-3 ги постави младата ѕвезда на Баерн Минхен, Џамал Мусиала.

За четири дена Германија ќе одигра уште еден контролен натпревар, против Мексико во Филаделфија.