Барселона ја очекуваат тешки денови. Во моментов недостигаат дури 17 играчи кои се повредени или заразени со коронавирус, а некои наскоро ќе одат и на Купот на Африканските нации.
Тренерот на Барса, Чави не можеше да го сокрие разочарувањето од одлуката да го одигра натпреварот против Мајорка кој е закажан за в недела од 21 часот.
„Не разбирам зошто се игра. Ќе ги следиме правилата, но загубивме 17-18 играчи. Дури 11 поради Ковид. Прашање е дали е регуларно да играме, не е вистински фудбал. Ниту за Мајорка, ниту за нас бидејќи тие и немаат среќа. Веројатно ќе има уште повеќе заразени бидејќи сега правиме повеќе тестови. Навистина не ми е јасно зошто се игра” изјави на прес-конференција пред натпреварот.
Сепак, Барселона добиголемо засилување оваа зима. Феран Торес ќе биде важна алка во тимот на Чави.
“Тој е голем професионалец и многу посветен. Може да игра на три позиции во нападот, многу е прилагодлив и во нападот и во одбраната. Мислам дека ќе ни биде од голема помош”, заклучи Чави.