Тотенхем оствари важна победа (0-1) на гости против Вотфорд и се искачи на петтата позиција на табелата со 33 бода, со два бода негатива во однос на Арсенал, но и со два одиграни натпревари помалку од „топчиите“.

Тимот на Антонио Конте цел натпревар не можеше да го скрши отпорот на домаќинот и тоа конечно му успеа на Девинсон Санчез во 97.минута од дуелот. Натпреварот беше продолжен 11 минути откако имаше прекин поради здравствени проблеми за еден навивач на трибините.

Вотфорд го доживеа шестиот пораз по ред во Премиер – лигата и останува на 17. место, непосредно над опасната зона на табелата.