Фудбалерите на Бетис од Севиља беа подобри на гостувањето кај Хетафе, победија со 1-0 и останаа во битка за позициите кои водат во Лигата на шампиони (ЛШ).
Тимот од Мадрид, Хетафе успешно се бранеше од нападите на гостинскиот тим во тек на целиот натпревар, меѓутоа домашните фудбалери направија пенал во 85. минута, кој го реализира Иглеасиас и му донесе важна победа на Бетис (1-0).
Бетис има 31 бод, колку што имаат и Вилјареал и Атлетико Мадрид и се наоѓа на делба на четвртата позиција во Ла Лига.