Екипата на Баерн Минхен се пласираше во наредно коло од ДФБ Купот на Германија со победата над нисколигашот Бремер со резултат 0:12.
„Баварците“ беа немилосрдни и ја наполнија мрежата на домаќините со што ја забележаа втората највисока победа во клупската историја на овој натпревар.
Во првото полувреме хет-трик постигна Чупо Мотинг, а по еднаш стрелаа Мусиала и Варм кој си постигна автогол (0-5), додека во второто полувреме мрежата на домашниот тим ја тресеа Тилман, Мусиала, Сане, Кусианс, Чупо Мотинг, Сар и Толисо.