Македонската фудбалска репрезентација продолжува квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 година. Нашата најдобра репрезентација на Националната арена „Тодор Проески“ ќе одигра два натпревари. Најпрвин се соочуваме со Ерменија на 2 септември, а на 8 септември ја пречекуваме Романија.
Денес Фудбалската федерација на Македонија ги утврдени цените на билетите за двата домашни натпревари на македонската А репрезентација. Цената на влезница изнесува 300 денари за натпревар.
Капацитетот на Националната арена „Тодор Проески“ е ограничен согласно мерките утврдени за заштита од коронавирусот и протоколот на УЕФА за присуство на гледачи на трибините.
Влезници по цена од 300 денари може да се купат преку продажната мрежа на MKTickets.