Кристијано Роналдо е се поблиску до трансфер во Манчестер Сити. Светските медиуми објавуваат нови информации од минута во минута за овој трансфер, кој сега изгледа неизбежен.

Заминувањето на Роналдо ќе остави дупка во врвот на нападот на клубот од Торино, но и во буџетот за плата, па челниците на Јувентус веќе работат на доведување замена за Роналдо.

Мино Раиола, еден од најпознатите светски фудбалски менаџери, пристигна во Торино пред нешто повеќе од еден час и тој треба да биде клучот за доведување на замената на Роналдо.

Италијанските медиуми ги наведуваат преговорите околу Мојс Кин од Евертон како најверојатна причина за неговото доаѓање, наводно Јувентус би сакал да го врати до крајот на овој преоден рок, кој завршува за пет дена.