Кралскиот клуб е решен наскоро да го комплетира долгоочекуваниот трансфер. Испрати нова понуда за големата sвезда на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе. Се работи за сума од 180.000.000 евра (претходната понуда беше 160.000.000), па останува да видиме каква ќе биде реакцијата од шеиците.
Спортскиот директор на Париз, Леонардо, во средата јавно објави дека првата понуда за Мбапе е одбиена и дека напаѓачот ќе го напушти клубот само под услов да се исполни потребната сума на пари. Л’Екип напиша дека ПСЖ се надева на сума од 200.000.000, додека британски Телеграф зборуваше за обештетување од 210.000.000 евра. Се чини дека набрзо ќе има договор меѓу двата клуба со што Мбапе конечно ќе се пресели во Мадрид.