Навивачите конечно го дочекаа денот за аплициррање за билети за Светското првенство во Катар. Билетите за првото коло може да се пријавуваат од денеска до 8 февруари. Потсетуваме дека првенството се игра од 21 ноември до 18 декември годинава, а Македонија треба да победи уште на два натпревари од баражот за да го осигура своето место во Катар, прво против Италија а потоа со Португалија или Турција.
Цените на билетите се поевтини од пред четири години во Русија. Тогаш најлошите седишта чинат 90 евра, а сега 60 евра. Воедно, ова се најевтините билети за локалното население од 1986 година, кога Мексиканците можеа да ги следат натпреварите за три долари. Катарците ќе платат по 10 евра.
За влезници можете да аплицирате овде, а имињата на оние кои добиле билети ќе бидат познати во февруари, на крајот од оваа фаза од продажбата на билетите.