Ова беше втор пораз во последните три меча за шпанскиот шампион, со што само се продлабочи кризата во клубот, кој годинава најмногу што може е да се бори за пласман во Лигата на шампионите. Клучниот момент на средбата се случи на стартот од второто полувреме, кога Мелеро во 54. минута го постигна победничкиот погодок.
Нашиот Енис Барди ги одигра сите 90 минути за екипата на Леванте. Атлетико сега има 39 бодови и е на петтата позиција со 39 бодови, колку што има и Барселона на четвртото место, но со меч помалку, додека лидерот Реал Мадрид бега дури на плус 15 бодови по 24 одиграни кола.