Тимот на Ријека со триумф над Хрватски Драговољац од 1-0 ја заокружи оваа сезона во првата хрватска лига.
Ова за Ријека беше последна контрола пред финалето со Хајдук во Купот (26 мај), па може да се каже дека момците на Горан Томиќ со самодоверба ќе влезат во дуелот за пехарот.
Клучниот меч на денешната средба се случи во 2 минута кога нашиот репрезенативец Дарко Веловски упати фантастична топка до офанзивецот Хорхе Обрегон кој биеше мајсторски за водство кое се покажа како доволно за освојување на трите бода.
Велковски го одигра само првото полувреме, Ријека со 65 бода го завршува шампионатот на четвртата позиција.
https://twitter.com/AboutHnl/status/1528025528036380673?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1528025528036380673%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Ffantastichna-asistencija-na-velkovski-za-pobeda-na-rijeka-video%2F