Англискиот вицешампион Арсенал триумфираше на гостувањето кај Манчестер јунајтед со 1-0 во 37. коло од Премиерлигата со што се врати на лидерското место.
Напаѓачите на „ѓаволите“ беа неснаодливи, но затоа Тросар во 20. минута го замолчи преполниот„Олд Трафорд“ и донесе предност од 1-0 за топџиите од Лондон.
Манчестер јунајтед не импресионира ниту во второто полувреме, додека Арсенал го чуваше водството до крајот на натпреварот (1-0).
„Топчиите“ се на првото место со 86 бодови по 37 одиграни меча, додека Манчестер сити е втор со 85 бода, но имаат одиграно еден натпревар помалку од конкурентот за титулата.