Конечниот епилог беше најавен само по две минути игра, откако Депаоли го донесе домаќинот во водство, кое по половина час беше удвоено со голот на Барак. Беса во 60. минута и Капрари шест минути подоцна ставија крај на надежите на црно-белите од Удине.
На останатите две средби од неделната пладневна програма во Серија А, „давениците“ Калјари и Џенова освоија само по бод и тоа на гости кај Емполи (1-1) односно дома против Салернитана (1-1).