Рaфаел Леао беше стрелец на единствениот гол со кој Милан денеска ја победи Сампдорија во 25. коло од Серија А. Миланскиот клуб на тој начин го прескокна Интер кој има бод и натпревар помалку.

За време на натпреварот, навивачите на Милан закачија транспарент чија порака беше упатена кон Франк Кеси. “Оние кои го сакаат Милан го покажуваат тоа со факти, збогум на незадоволните“, напишаа на транспаренти и го испратија со гласни свирежи. Играчот за врска од Брегот на Слоновата Коска неодамна се врати од Африканскиот куп на нации, а верните следбеници на клубот не се задоволни од ситуацијата со неговиот договор.

https://twitter.com/AntoVitiello/status/1492840735338553346?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1492840735338553346%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fnavijaci-milana-izvizdali-svojeg-igraca-i-poslali-mu-ostru-poruku%2F2339374.aspx

Италијанските медиуми пишуваат дека истиот истекува на крајот на сезоната, а засега не е продолжен бидејќи раководството на Милан не сака да му ја даде на Кеси платата што ја бара. Значи, се очекува негово заминување. Еден од клубовите кои наводно би биле среќни да го видат 25-годишниот фудбалер во своите редови е Барселона.