Кралскиот клуб Реал Мадрид и понатака е заинтересиран за дефанзивецот на Челси, Антонио Рудигер. Германскиот репрезентативец во оваа фаза не го продолжи договорот и доколку не го направи тоа и во наредните месеци, на лето ќе стане слободен агент.

Раководството на „кралскиот клуб“ на Рудигер веќе му понудило петгодишен договор и плата од 11 милиони евра по сезона. 28-годишниот дефанзивец неодамна го прекина молкот на оваа тема, велејќи дека сака да остане на „Стемфорд Бриџ“, но само доколку Челси ги прифати неговите услови.

Германецот може да се врати и во Бундес – лигата во Баерн Минхен. Баварците бараат замена за Никлас Суле, кој ќе се пресели во Борусија Дортмунд.

Оваа сезона, Рудигер има 34 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи и три гола. Тој е во Челси од 2017 година.