Аргентинската мега-ѕвезда Лионел Меси во интервју за јужноамериканска ТВ ги пофали Килијан Мбапе и Нејмар со кои заедно играат за ПСЖ. Во интервјуто, тој зборуваше за тоа како се снајде во Париз и за новата фудбалска средина.

„Нејмар и јас се знаеме напамет. Минавме одлично време заедно во Барселона. Би сакал да игравме подолго за Барса, но животот повторно не собра во ПСЖ. Среќни сме што сме заедно. Сакам да си играм со него и да бидам околу него секој ден. За Мбапе ќе кажам дека е посебен играч. Ѕвер. Тој е добар во игра еден на еден, влетува во слободниот простор, многу е брз и постигнува многу голови. Мбапе е комплетен играч и тоа го демонстрира веќе неколку години. Во следните години тој ќе биде меѓу најдобрите, сигурен сум“, изјави Меси.