Новинар на „спортал.бг“ ги прашуваше Бугарите и Бугарките за тоа каков ќе биде резултатот на вечерашниот меч, при што голем дел од нив прогнозираат реми, иако еден маж кажа дека очекува победа на Бугарија од 5-0.
Сепак, припадничките на понежниот пол во Бугарија сметаат дека победата ќе ѝ припадне на Македонија.
Грузија го освои првото место во групата 4, иако допрва треба да го одигра последниот меч против Гибралтар и така може да стигне до 13 бодови, по што следи Македонија со седум на втората позиција, а зад нас е Бугарија со еден бод помалку.