По офанзивното прво полувреме и многуте шанси не најдоа пат до мрежата на домаќините и најблиската шанса за гол остана досудениот пенал, во 13. минута. Сепак, Лаутаро Мартинез не успеа да го реализира, па на пауза остана почетниот резултат.
Специја имаше само два удари кон голот на Хандановиќ цел натпревар, а првиот го донесе водството од 1-0, по 10 минути игра. Стрелец беше Даниеле Малдини, синот на Паоло, кој е икона на клупскиот ривал на Интер, Милан.
Примениот гол дополнително ги разжести нападите на Интер, кој направи целосна опсада во продолжението од мечот. Тоа доведе до изедначување преку Луаку, но дури во 83. минута. Сепак, наместо целосен пресврт, Специја доби пенал во 87. минута, кој го реализира Нзола.
На последните пет натпревари пред своја публика, Специја немаше постигнато гол, а на домашна победа во Серија А чекаше од 17 септември,скоро половина година. Со овие три бода дојде до 24, шест повеќе од последните три екипи, кои се во зоната за испаѓање. Интер остана на 50 бода, но сега е на удар на Лацио, Рома и на Милан кои може да го стигнат со одигрување на своите мечеви ова коло, бидејќи имаат 48, 47 и 47 бода.