Вилјареал направи пресврт и со 2-1 славеше победа против Алермија во рамки на 11.коло во Ла Лига.
Гостите поведоа со 0-1 благодарение на голот на Гонзало Мелеро во 31.минута. Алекс Баена во 56.минута израмни на 1-1, но во истиот момент беше исклучен поради втор жолт картон. Фудбалерот на „жолтата подморница“ при прославата на голот го крена дресот и на маицата имаше напишано посвета за поранешниот потпретседател на клубот, Ланеца, кој почина неодамна. Главниот судија Бенгоечеа не му прости и му покажа втор жолт картон и го исклучи.
И покрај играчката негатива, жолтата подморница успеа да се избори за победа и тоа преку Николас Џексон и тоа во 94.минута од натпреварот за конечни 2-1.