Наполи сезонава игра фантастично, а тоа го потврди и вечерва на „Олимпико“, каде славеше со минимални 1-0 кај Рома во рамки на дербито на 11.коло во Серија А.
По силна рововска битка од двете страни, решавачкиот момент се случи во 81.минута. Виктор Осимен прифати една долга топка пред Крис Смолинг и бише од десно откосо, па успеа да го матира Руи Патрисио.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 57.минута од натпреварот.
https://twitter.com/PoojaMedia/status/1584280686332375040?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1584280686332375040%7Ctwgr%5E498c7e78430d5a205dc1406e7c9f9c3301d04207%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Fnapoli-e-zrel-za-shampionska-titula-ozimen-ja-srushi-i-roma-video
Наполи останува на врвот на табелата со 29 бодови и без ниту еден пораз, три повеќе од Милан. Рома е на петтото место со 22 бода.