Гвардиола оствари серија историски подвиг со победата на Манчестер Сити над Лидс (7:0) во 17. коло од Премиер лигата.
Ова е втора најубедлива победа за актуелниот шампион и лидер на Англија во 127 години историја, по 8:0 над Ватфорд, постигнати исто така под водство на Пеп.
Воедно му нанесе рекордно висок првенствен пораз на славниот Лидс Јунајтед. Гвардиола постигна уште еден подвиг против тој клуб, поточно неговиот легендарен тренер кој му е идол. Во 568. натпревар во својата тренерска кариера, Марсело Биелса првпат доживеа дека неговиот тим прими седум гола.
“Мојата единствена работа е да им кажам да трчаат“
Конечно, Пепов Сити дојде до 33-та првенствена победа оваа година со растурање на Лидс, израмнувајќи го рекордот што Ливерпул го држи од 1982 година.
Запрашан да ги коментира сите овие потфати, Гвардиола одговори: „Се е точно, но заборавете уште нешто импресивно што успеавме. Во 17 првенствени натпревари примивме само девет гола. Ова докажува дека не треба да играте во одбрана за да бидете успешни во одбраната. Играчите кои ги доведов за да бидат креативни, а мојата работа е само да им кажам да трчаат. Се останато е благодарение на клубот кој ми купува квалитетни играчи“.