Турските медиуми пишуваат дека челниците на Трабзонспор повторно се заинтересирани за услугите на левиот бек, кого сакаа да го ангажираат минатото лето пред тој да се пресели во Саудиска Арабија. Алиоски, кој не се снајде најдобро на Блискиот Исток, е под договор со Ал Ахли до 2023 година, поради што за него бараат 2,5 милиони евра додека Турците се подготвени да платат најмногу 1,5 милиони евра.
Македонецот истовремено е голема желба на управата на Верона, која е подготвена да му даде сериозна понуда за да се пресели во Италија.