Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев емотивно се збогува од Џенова. Тој, изненадувачки, во последниот ден од преодниот рок потпиша за Парма, а денеска го одржа и првиот тренинг. Ќе го носи дресот со број „27“.
„Тешко е да се остават овие бои. Чувствував дека е време да си заминам , никој не ме натера да го направам тоа. Само страста ви дава поттик, свеста да се биде дел од некој проект. Секогаш ќе бидеш во моето срце: мојот град, моите бои, мојот плоштад. Би сакал да се вратам и да ве поздравам сите како што треба, на Мараси, уште еднаш, за последен пат да ja слушнам публиката. Ви благодарам за емоциите што ми ги дадовте. Џенова засекогаш!“, напиша Пандев на социјалните мрежи.