Аталанта беше уште убедлива против Венеција. Во Бергамо беше 4:0, а главната улога ја имаше тројниот стрелец Марио Пашалиќ.

Аталанта поведе по седум минути игра. Иличиќ испрати идеална топка за Пашалиќ од работ на шеснаесетникот, дијагонално од левата страна, покрај неколку противнички играчи, а тој не ја пропушти таа можност, одлично реагираше и упати прецизен удар во мрежата – 1:0. .

Само пет минути подоцна слична ситуација, само што овојпат во улога на асистент беше Муриел, малку откосо од десната страна, а Пашалиќ повторно им побегна на дефанзивците на Венеција и уште еднаш ја затресе мрежата – 2:0.

Слична слика продолжи и во продолжение на натпреварот, а третиот гол за Аталанта го постигна Копмејнерс во 57. минута, со прецизен удар од работ на шеснаесетникот во долниот лев агол.

Хет-трикот на Пашалиќ дојде во 67. минута, кога Муријел направи хаос во шеснаесетникот на гостите, а потоа од левата страна ја испрати топката во средината за Пашалиќ, кој ги постави конечните 4:0 .

Ова е четврта последователна победа на Аталанта, а со мечот повеќе се израмни со Интер на делба на третото место со по 31 бод.

Аталанта последните неколку години ги испишува златните страници од својата клупска историја, се наметна на врвот во италијанската Серија А, а забележителен ефект имаше и во Лигата на шампионите.

Сето ова се случува за време на мандатот на тренерот Џанпјеро Гасперини, кој пет и пол години е на клупата на тимот од Бергамо.

Неговиот начин на работа се покажа како многу успешен, па челниците на клубот сакаат тој систем да продолжи што подолго.

63-годишниот стручњак имаше важечки договор до крајот на актуелната сезона, но успешната соработка ќе продолжи.

Имено, според последните информации од Италија, кои пристигнуваат веднаш по убедливата победа на Аталанта над Венеција од 4:0, Гасперини се договорил со клупските челници да го продолжи договорот до 2024 година, со опција тоа да го направи уште една година, до 2025 година.

Така, уште една одлична вест за навивачите на Аталанта, нивниот клуб вечерва двојно ги израдува.