Ѕвездата на Пари Сен Жермен, аргентинскиот ас Лионел Меси, забележа уште еден рекорд во Лигата на шампионите. Аргентинецот со гол и асистенција заслужен е за успехот од 3-1 над Макаби Хаифа во групата „Х“ на ЛШ. Toa беше 39. тим против кој 35-годишниот фудбалер успеа да постигне гол во ова натпреварување.
На овој начин тој го престигна својот голем конкурент во последните години Кристијано Роналдо. Португалецот досега ја погодил мрежата на 38 екипи, што сега е еден помалку од Меси.
Со својот гол против Макаби Хаифа, Меси стана првиот играч во историјата кој постигнал гол во 18 последователни сезони во Лигата на шампионите.