Големата НБА ѕвезда Лука Дончиќ, предводникот на Словенија ја покажа вчеравечер и својата дива и лоша страна после поразот и елиминацијата на европскиот првак од Полска во четвртфиналето, откако ги навредуваше и пцуеше судиите по завршувањето на мечот.
Словенија загуби со 87-90 во мечот на кој имаше и минус 23 пред крајот на полувремето, а сѐ придонесе за жалбите на Словенците за наводен прекршок врз Клемен Препелиќ во последните седум секунди од нападот, кога тимот од „дежелата“ доби шанса со тројка да се избори за продолжение.
Дончиќ не беше на ниво против Полјаците, ама доби и пет лични грешки на три минути пред крајот и ги остави соиграчите на цедило и го заврши мечот со 14 поени, 11 скока и седум асистенции.
„Пи*ко една смр*лива“, врескаше Дончиќ по завршување на мечот по судијата.
Видеото може да го погледнете ТУКА.