Македонскиот дијамант и репрезентативец Елиф Елмас е позитивен на ковид-19, иако нема никакви симптоми, но рутинскиот ПЦР-тест кој задолжително требаше да го направи пред доаѓање во Италија покажал дека фудбалерот за врска повторно го има вирусот.
Македонскиот репрезентатативец дојде во Македонија на петдневен мини одмор и закачи Ковид-19
Елмас беше позитивен пред повеќе од една година, кога во Неапол беше тестиран и позитивен на коронавирусот, по што ги пропушти мечевите во октомври, во период кога Италија ја зафати нов гигантски бран после многу трагичниот на стартот на пандемијата.
Сега Елмас повторно е позитивен, но асимптоматски и остана во Скопје во изолација, па нема да се врати во Неапол, а веќе викендов Наполи го чека пресметка со Јувентус, дерби кое е неизвесно дали ќе се игра поради многуте заразени фудбалери пред сѐ кај наполитанците.
https://twitter.com/en_sscnapoli/status/1476667825708220419?s=20