Македонската фудбалска репрезентација останува на 68 место на најновата ФИФА ранг листа која излезе денеска. Во изминативе месец дена Македонија не одигра ниту еден меч, па остануваат за паметење последните два болни порази од Украина (3:2 во Скопје) и историскиот дебакл во Манчестер кога загубивме од Англија со највисоки 7:0.
Македонија има 1352,98 поени и тоа е доволно да биде пред ДГ Конго, но пред Црвено-жолтите остануваат репрезентациите на Исланд, Зеленортски острови, Албанија….
На врвот на листата нема промени. Лидер е актуелниот светски првак Аргентина, пред Франција и Бразил. Во Топ 10 има место и за Англија, Белгија, Хрватска, Холандија, Италија, Португалија и Шпанија.