Ливерпул во наредните денови ќe тргне по една од ѕвездите на Порто, Отавио. Менаџерот Јирген Клоп сака да се обезбеди со уште едно засилување во нападот, со оглед на најавите дека Мохамед Салах можеби и нема да го продолжи договорот со „црвените“. Доколку тоа не се случи, тогаш тој најверојатно ќе биде продаден на крајот од летото.

Според Германецот, Отавио би бил идеална замена, а Ливерпул е подготвен да плати 45 милиони евра и да го одведе од „Драгао“.

За Салах има интерес од неколку европски гиганти, пред се од Реал Мадрид и од Пари Сен Жермен.