Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил потпиша договор со Истанбул Башакшехир, потврдија од клубот.
Потписот доаѓа само неколку дена откако беше отпуштен од Фенербахче. Затоа во новиот клуб доаѓа како слободен играч, а не оди далеку. Само што се пресели од азискиот во европскиот дел на најголемиот турски град.
33-годишниот Озил немаше играно за Фенербахче од 20 март, откако беше исфрлен од првиот тим поради пресметката со тогашниот тренер Исмаил Картал.
Германскиот фудбалер не успеа да се избори за статусот првотимец ниту со новиот тренер на турскиот клуб Жорже Жесус.
Озил за Фенербахче одигра 36 натпревари, постигна девет гола и имаше три асистенции.
Пред клубот од Истанбул настапуваше за Арсенал, Шалке, Вердер и Реал Мадрид. Со репрезентацијата на Германија го освои Светското првенство во Бразил во 2014 година.
https://twitter.com/ibfk2014/status/1547219385508675586?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1547219385508675586%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D07dd%3D13nav_id%3D2184682