Стоперот на Наполи порача дека набрзо ќе може да ја потврди целата операција, а за неговиот избор и трансфер во Челзи се јави и Лучијано Спалети, кој во новата сезона ќе остане без долгогодишниот лидер во одбраната и човекот за кого беше подготвена капитенската лента по заминувањето на Инсиње.
– Претпочитам Кулибали секогаш да остане со нас, особено поради тоа што тој требаше да биде капитен во новата натпреварувачка сезона и наш лидер.
– Сепак, ако решил да си замине, никогаш нема да престанеме да му заблагодаруваме за се што направи за нас, за цела помош која ја имавме од него изминатите години.
– Ако избрал нешто друго, ние му посакуваме се најдобро, бидејќи го заслужува тоа. Секој што го мисли спротивното, треба да му е навистина тешко во животот, – вели Спалети за соиграчот на Елиф Елмас.
Кулибали е дел од Наполи од 2014-та година и се претвори во вистиснка легенда на клубот, па откако Де Лаурентис во неколку наврати одбиваше и понуди блиски до 100 милиони евра, на една сезона пред истекот на договорот, се очекува да си замине во Челси за 40 милиони евра.