Фудбалската репрезентација на Србија составена од фудбалери од Моцартбет Суперлига, триумфираше против селекцијата на САД со 2-1. на пријателска средба во Лос Анџелес. Тоа беше дуел на тимови составени од домашните првенства, а Американците играа со фудбалери од МЛС лигата.
Домаќинот САД во Калифорнија стигна до предност во 29. минута, Брендон Васкез го отвори резултатот за 1-0 на САД. По примениот гол, Србите се пробудија и тргнаа по израмнување.
Двата голови беа постигнати паднаа во три минути, пред паузата Лука Илиќ успеа да изедначи со погодок директно од слободен удар во 43. минута. Во 46-та пресвртот го комплетира Вељко Симиќ.
Селекторите користеа само играчи од домашните лиги, со цел подобро да се скаутираат нови таленти за во иднина.