Фудбалските репрезентативци на Германија како да се претплатени на еден ист резултат во годинешното издание од Лигата на нации (ЛН), откако вчера, на гостувањето кај Унгарија трет пат по ред ремизираа со 1-1.
„Панцирите“ остануваат без победа во групата 3 од најелитната конкуренција во ЛН, поради што се дури третопласирани на табелата со само три од деветте можни бода. Мечот на „Пушкаш арената“ во Будимпешта беше решен по само десетина минути, најпрво Наги донесе водство за домаќинот по шест минути игра, додека три минути подоцна изедначи Хофман. Тоа, неочекувано, беше и единствениот шут во рамки на голот на Германците, додека Унгарците имаа дури седум.