Фудбалерите на Спортинг Лисабон со 3:0 ја совладаа Боависта во 24-то коло во португалската лига, а голот на Нуњо Сантош сигурно ќе конкурира за  еден од најубавите голови на годината.

По акцијата на неговите соиграчи од Спортинг Лисабон по левата страна, топката дојде до него, а тој од 12-тина метри со „рабона“ постигна прекрасен гол.

 

Спортинг со победата ја продолжи битката за третото место на табелата кое моментално го држи Брага и кое носи пласман во квалификациите за ЛШ. Спортинг сега има 50 бода, пет помалку од Брага.