Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ се одлучи на местото од Петковиќ, мечот со Бразил да го почне со Пашалиќ, во стартниот состав се враќа и Соса, Тите ќе игра со истите како против Јужна Кореја.

Хрватска ќе го почне мечот со Ливаковиќ на голот, во срцето на дефанзивата се Гвардиол и Ловрен, на бековските позиции Соса и Јурановиќ. Најповлечен во средниот ред е Брозовиќ, пред него се Модриќ и Ковачиќ, странично ќе напаѓаат Пашалиќ и Перишиќ, а најистурен ќе биде Крамариќ.
Во слекцијата на Бразил нема ниту една промена од претходниот меч, на голот е Алисон, дефанзивната четворка ја сочинуваат Данило, Тијаго Силва, Маркињос и Милитао. Дефанзивен играч од средниот ред е Касемиро, пред него се Пакета и Нејмар, Винисиус и Рафиња ќе напаѓаат странично, а централен напаѓач е Ришарлисон.