Специјалистот за трансфер, Фабрицио Романо објави дека Гакпо се договорил со Ливерпул и наскоро треба трансферот да биде потврден, а англиските медиуми објавија дека главен „виновник“ за тоа е тренерот Јирген Клоп.
Искусниот стратег разговарал со Холанѓанецот и му објаснил каква улога ќе има во поранешниот англиски и европски првак, а тоа му се допаднало на Гакпо.
ПСВ Ајндховен го потврди трансферот на Коди Гакпо во Ливерпул. Во соопштението се наведува дека станува збор за „рекорден трансфер“ во историјата на ПСВ.
Ливерпул веднаш ќе плати 45 милиони евра, а потоа трансферот преку бонуси ќе достигне вредност од 55 милиони.
Гакпо во наредните денови ќе отпатува во Ливерпул на лекарски прегледи и потпишување договор со клубот од „Енфилд Роуд“.
Холанѓанецот на тој начин ќе ја засили и онака одличната офанзивна линија на тимот на Јирген Клоп.
Ливерпул ги има Салах, Нуњез, Фирмино, а повредени во моментот се Жота и Луис Дијаз.