Актуелниот шпански и европски првак Реал Мадрид и градскиот ривал Атлетико Мадрид понудиле 60 милиони евра на француски Рен за да го купaт хрватскиот репрезентативец Ловро Мајер.
Мајер кој во Франција игра одлично од поодамна е на радарот на низа европски гиганти, откако од Динамо Загреб го направи првиот трансфер во странство за 12 милиони евра и остави добар впечаток и на Светското првенство во Катар, иако беше резерва.
Многумина во Мајер во Хрватска гледаат „нов Модриќ“, а Реал Мадрид веќе со ангажманот на Орелиен Чуамени и Едуардо Камавинга почна во проектот на долг рок со реконструкција на средниот ред, како наследници на Лука Модриќ, Тони Крос и веќе заминатиот Касемиро, кој летоска се пресели во Манчестер јунајтед.
Атлетико исто така е заинтересиран за Мајер и Диего Симеоне е решен да направи потемелна реконструкција на тимот после катастрофалната есен со елиминација и од Европа.
Мајер за Рен во 55 меча досега има осум гола и 12 асистенции.