Репрезентацијата на Шкотска се покажа како цврст орев и ја намачи Шпанија на гостувањето во Севилја, а можеше да оствари и многу поповолен резултат ако не беше донесена една контроверзна одлука во 60-та минута.
Судијата Сердар Гузубјук долго ја прегледуваше ВАР снимката и првично утврди дека имало мал прекршок врз голманот Унаи Симон, поради што на крајот го поништи голот и ја прекина прославата на Шкотланѓаните.
Гостите беа шокирани од одлуката и беа уверени дека им беше поништен чист гол, но гневот стана уште поголем откако официјалните судии ја променија ВАР одлуката за време на мечот, па нагласија дека голот не бил поништен поради фаул, туку поради офсајд.