Специја имаше одличен старт на вториот дел од сезоната, меѓутоа не успеа да го задржи водството до крај против Аталанта и одигра 2-2.
Аталанта беше двапати шокирана во првото полувреме, и тоа во осмата и 31. минута, по што тргна со сите сили по реми.
Хојлунд им ја врати надежта за спас во 77. минута, а Пашалиќ дури во судиското надополнување погоди за 2-2.
На вториот дуел кој се играше во истиот термин, Торино киксираше на свој терен откако одигра само 1:1, со последнопласираниот тим на Верона. Ѓуриќ погоди за гостите, Миранчук израмни, но домаќините не успеаа да постигнат и втор гол за да дојдат до целиот плен.