Играчот од средниот ред на Барселона, плејмејкерот Педри , ќе биде целосно заздравен за дербито против Реал Мадрид следната недела. Натпреварот на „Камп Ноу“ кој може конечно да ја реши битката за титулата во Ла Лига ќе се игра на 19 март.
Педри се здоби со повреда на бутниот мускул на натпреварот од Лига Европа против Манчестер Јунајтед на 16 февруари. Се очекуваше тој да се врати на терените против Атлетик Билбао, но Барса реши да не ризикува и да го задржи за следното издание на „Ел Класико“.
Шпанскиот репрезентативец има 21 настап и шест гола од почетокот на сезоната во Ла Лига. Во негово отсуство, Каталонците испаднаа од Лигата на Европа и претрпеа изненадувачки пораз од Алмерија во Ла Лига, пред да го совладаат Реал Мадрид со 1-0 во првото полуфинале од Купот на Кралот и да ја совладаат Валенсија со истиот резултат во Ла Лига.