Шоуто почна во 30. минута, кога присутните на трибините на теренот фрлија испечатени банкноти и картони со грбот на Барселона, симболот на доларот и зборот мафија.
„Ниту Барселона, ниту Мадрид, само Атлетик“, скандираа навивачите на клубот од Билбао.
Од трибините се слушаа и повиците дека Каталонците треба да бидат исфрлени во Сегунда. Главна причина за сето ова е наводното мито на Барселона со судиската комисија и плаќањето на поранешниот член на судиската комисија Енрикез Негреира.