Нерешено одиграа Англија и Италија (0-0) во репризата од финалето на ланското ЕП, а најголем виновник за тоа е фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, кој во 53. минута успеа да промаши празен гол од само шест метри, а две минути подоцна се најде лице в лице со Донарума, кој му го одбрани шутот. Вечерта на нерешени средби во Лига А ја комплетираа и фудбалерите на Холандија и Полска (2-2) односно на Велс и Белгија (1-1).
„Нула“ беше одиграна и во Подгорица на мечот помеѓу Црна Гора и БиХ (1-1) од Лига Б, каде што Романија беше подобра од Финска (1-0), додека во Лига Ц, фудбалерите на Турција како гости го совладаа Луксембург (2-0)