Тежок инцидент се случи на мечот од првото коло во Копа Либертадорес откако играчот на Пењарол, Максимилијано Оливера беше погоден со камен во глава.
Инцидентот се случи на натпреварот меѓу Росарио Централ и Пењарол кој го добија домаќините со 1-0.
По последниот судиски свиреж, играчите на Пењарол тргнале да ги поздрават своите навивачи, но тогаш некој фан на домашните фрлил со камен и го погодил Максимилијано Оливера и му ја раскрварил главата.