Екипата на Манчестер Сити е првиот финалист на англискиот ФА Куп, откако во полуфиналето го совлада Шефилд Јунајтед со убедливи 3-0. Стрелец на сите три голови за “граѓаните“ беше алжирскиот интернационалец Ријад Марез.
Членот на англиската Чемпионшип дивизија 43 минути одолеваше на нападите на Манчестер Сити, но тогаш беше досуден пенал и резултатот беше отворен. Останатите два погодоци беа постигнати во второто полувреме, односно во 61-та и 66-тата минута.
Противник на Манчестер Сити во финалето ќе им биде подобриот од второто полуфинале во кое ќе играат Манчестер Јунајтед и Брајтон. Дуелот на програмата е утре во 17:30 часот.