Македонската женска клупска кошарка можеби е на самото дно и е сведена на аматеризам и рекреација. Но тоа не значи дека натпреварите од Првата лига не носат возбуда, а доказ за тоа е натпреварот помеѓу Струга 2009 и Бадел 1862 (37-94) на кој беше видена жестока тепачка помеѓу две кошаркарки.

Инцидентот се случи во финишот од втората четвртина, кога по едно промашување под кошот на домашната екипа дојде прво до туркање, а потоа и до физичка пресметка помеѓу стружанката Сара Белоска (17 години) и една година повозрасната Јована Димковска. Нивниот дуел прво почна со влечење, продолжи со обиди за удари со тупаници, за да заврши со влечење за коси по што реагираа нивните соиграчи и официјалните лица, кои ја прекинаа нивната пресметка.

Белоска и Димковска веднаш беа исклучени од натпреварот, а денеска беа дополнително казнети од комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ и тоа со забрана на играње на еден натпревар и со по 24.000 денари.

 

*инцидентот може да се види на 36:20 од видеото