Уникс Казан на нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ја запиша втората сезонска победа во ВТБ лигата и тоа во пресметката со Енисеј која ја реализираше со 104-59.
Домаќините беа доминатни, убедливо ги решија сите четири четвртини во своја полза и сосема заслужено на крајот славеа со 45 разлика.
Дури седум играчи беа двоцифрени од кои најрасположен беше Рејнолдс со 17 поени. Димитријевиќ беше мирен кога се во прашање кошевите на овој меч, даде 5 поени без промашување (1/1 за два, 1/1 за три), собра 2 скока, 2 украдени топка, но беше најдобар асистент со 9 асистенции.
Томпсон со 14 поени беше најсветла точка кај поразените.
Во следното коло Нено и другарите имаат дуел со Нижни Новгород.