Уникс Казан ја прегази Астана со убедливи 109-54 за четврта победа по ред во ВТБ-лигата, додека македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ постигна 11 поени, 11 асистенции и два скока за неговиот тим.
Астана само во првото полувреме делуваше како пристоен противник за Уникс Казан, па на паузата замина со „само“ 15 поени разлика (40-55), по што колегите на Димитријевиќ блеснаа во вториот дел и го декласираа ривалот со 109-54.
Димитријевиќ запиша дабл-дабл во мечот на Уникс со 11 поени, 11 асистенции и два скока, а неговиот тим со четвртата победа по ред го презема лидерското место на табелата.