Мемфис славеше победа со 114-106 против Минесота и со вкупни 4-2 се пласира во втората рунда од плејофот во НБА-лигата.

Гризлис повторно направија голем пресврт во последниот период и обезбедија пресметка со фаворитот Голден Стејт во полуфиналето. Дезмонд Бејн и Дилон Брукс постигнаа по 23 поени кај победничкиот тим, а Брендон Кларк постигна 17, колку што имаше и првата ѕвезда на тимот Џа Морант. Кај Тимбервулвс најмногу се истакна Ентони Едвардс со 30 поени.