Фенербахче од Истанбул ја оствари втората победа по доаѓањето на Шарунас Јасикевичиус на тренерската позиција, откако денеска го совлада Жалгирис со 80-78.
Клучниот момент на дуелот се случи на нешто помалку од минута пред крајот на натпреварот кога Тајлер Дорси беше фаулиран при еден продор кон противничкиот кош, но успеа да шутира од зад таблата и да погоди речиси без топката да ја допре мрежичката. Со слободното фрлање, Дорси го донесе Фенер во водство од 80-76 што за Жалгирис потоа беше недостижно.
За Жалгирис ова беше четврти пораз во низа во Евролигата и со него падна на 16. позиција на табелата со биланс 5/10.