Полудо не можеше да биде: Цела Европа му се смее на играчот на Монако.Панатенаикос приреди изненадување и го победи Монако на гости (91-90). Искусниот Костас Слукас беше лидер кај „детелинките“ со 17 поени, а неговата партија не успеаја да ја неутрализираат Диало и Џејмс кои за францускиот клуб дадоа по 17 поени
Победи грчкиот тим, но она што се случуваше во последните три секунди, не се гледа често на кошаркарските терени. Херој на натпреварот требаше да биде играчот на Монако, Ели Окобо, ама за тие три секунди, тој го помина патот од ѕвездите до пеколот.
При резултат 88-88, францускиот кошаркар постигна кош за водство на Монако, а притоа беше и фаулиран и доби дополнително слободно фрлање. При изведувањето, сакаше да го троши времето и намерно промаши, но притоа не успеа да го погоди ни обрачот, па играта беше запрена и Панатинаикос доби топка од страна.
https://twitter.com/i/status/1737568772284682347За преостанатите 2,5 секунди, гостинските кошаркари изведоа напад, а Григонис постигна тројка за победа на Панатенаикос. Реакциите на социјалните мрежи за промашувањето на Окобо се урнебесни, буквално цела Европа му се смее за она што го направи.
https://twitter.com/i/status/1737569727508103345